домаВестиУРСУЛА ФОН ДЕР ЛАЈЕН НА РАБОТНА ПОСЕТА ВО СКОПЈЕ - МУЦУНСКИ: ПОСЕТАТА...

УРСУЛА ФОН ДЕР ЛАЈЕН НА РАБОТНА ПОСЕТА ВО СКОПЈЕ – МУЦУНСКИ: ПОСЕТАТА Е ПОТВРДА ЗА ПРОЕВРОПСКАТА ОРИЕНТАЦИЈА НА ВЛАДАТА

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, ја пречека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на скопскиот аеродром, каде што пристигна на работна посета. Муцунски изјави дека посетата е значајна и потврдува проевропската ориентација на владата. Тој најави динамична агенда исполнета со важни работни средби. Според Муцунски, иднината на Македонија е тесно поврзана со европското семејство, а посетата на фон дер Лајен е доказ за продолжената поддршка на Европската Унија кон регионот. Оваа посета се смета за важен чекор во унапредувањето на односите помеѓу Македонија и ЕУ, особено во контекст на европските интеграции.

Ден 18 април 2025

00:01:17