Во Црна Гора од денес стапи на сила забраната за употреба на пластични кеси и пластика за еднократна употреба. Ова значи дека сите тенки кеси во продавниците ќе бидат отстранети од употреба, а исто така ќе бидат забранети и пластични сламки, садови за храна и чаши направени од експандиран полистирен. Непочитувањето на оваа законска мерка ќе се казнува со глоби од 500 до 2.000 евра за физички лица и од 1.000 до 40.000 евра за правни лица, соопшти Радио-телевизија Црна Гора (РТЦГ).
