домаВестиЦЕНИТЕ НА ОСНОВНИ ПРОИЗВОДИ ПОД НАДЗОР - ВЛАДАТА СО НОВИ МЕРКИ ПРИ...

ЦЕНИТЕ НА ОСНОВНИ ПРОИЗВОДИ ПОД НАДЗОР – ВЛАДАТА СО НОВИ МЕРКИ ПРИ ПОСКАПУВАЊЕ

Владината мерка за ограничување на маржата на 73 основни прехранбени производи, воведена на 20 септември, истекува денес. Со ова, од утре престанува важноста на ограничената бруто-профитна маржа од 10 проценти во трговијата на големо и мало за производите од т.н. есенска кошничка, што вклучува леб, тестенини, млечни производи, месо, овошје и зеленчук. Министерот за економија Бесар Дурмиши предупреди дека ако дојде до драстично поскапување, ќе бидат преземени поригорозни мерки. Истовремено, во сила е Законот за нефер трговски практики, кој ограничува маржата на над 2 500 производи, со цел да се заштити стандардот на граѓаните.