домаВестиЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО НА НАЈВИСОКО НИВО - ДАЛИ ПАРИЧНИТЕ ВАЛУТИ ЌЕ...

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО НА НАЈВИСОКО НИВО – ДАЛИ ПАРИЧНИТЕ ВАЛУТИ ЌЕ СТРАДААТ ПОРАДИ ТОА?

Цените на златото се на ново историско највисоко ниво поради глобалната неизвесност околу резултатите од американските избори и тензиите на Блискиот исток, додека цената на среброто е највисока во последните 12 години. Според податоците на берзата, унца злато се продаваше за 2.732,25 долари, а унца сребро за 32,02 долари. Инвеститорите бараат „безбедно засолниште“ за капиталот поради геополитичките тензии на Блискиот исток и неизвесноста околу изборите во Соединетите Американски Држави, каде што исходот ќе биде многу близок, рече стоковниот аналитичар Сони Кумари. поред експертите, златото се смета за сигурна инвестиција во време на економски и политички превирања, а намалувањето на каматните стапки дополнително ја зголемува неговата привлечност, пренесува Ројтерс. Главниот пазарен аналитичар на трговската компанија, Тим Вотер, смета дека цената на златото до крајот на годината би можела да достигне 2.800 долари за унца.

Ден 18 април 2025

00:01:17