Според прогнозите на банката, три години со ред, Северна Македонија ќе има најнизок раст во однос на земјите од регионот. Јавниот долг незначително ќе се намали. Од Светска банка се загрижени за кредитите што земјата ги зема од Унгарија и како тие ќе влијаат врз јавниот долг и дефицитот. Оваа година според Светска банка, Северна Македонија ќе заврши со раст од само 1,8 отсто наместо проектираните 2,5 отсто напролет. Намалувањето се должи бидејќи нема реализација на Коридорите 8 и 10Д но и проблеми во енергетиката. Предвидувањата на Светска банка се дека инфлацијата во периодот кој следи ќе се намалува и во 2026 година ќе биде 2 проценти. Светска банка предвидува дека заедничкиот економски раст на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија во 2025 година ќе достигне 3,7 отсто, што е за 0,2 процентни поени повеќе од предвидувањата дадени во пролетното издание на извештајот. Растот во 2024 година се очекува да достигне 3,3 отсто, што претставува зголемување за 0,1 процентен поен од претходните проекции. Со најголем економски раст ќе бидат Србија и Косово, по што следи Црна Гора, Албанија па Босна и Херцеговина.
