Долгорочната прогноза за зимата 2024-2025 наведува три знаци што укажуваат на тоа дека нѐ очекува студена зима и според експертите можеби најстудена во последната деценија. Најавите за постудена зима се поклопуваат со проблемите во македонскиот електроенергетски систем. Тоа значи дека Македонија ќе мора да се потпре на увоз на струја, а на отворениот пазар цената на струјата и натаму ќе расте, особено зашто уништената енергетска инфраструктура во Украина ја поскапува струјата за регионот, каде земјите цело лето плаќаа поскапа струја од земјите во Западна Европа.
