Повторен пад на прометот во индустријата покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во август оваа година, во однос на истиот месец лани прометот е намален за 8,9 проценти. Падот на прометот на индустриското производство е многу негативен показател. Без поттик и развој на индустријата ќе имаме уште поголеми проблеми со економскиот раст и со БДП, со извозот, трговскиот дефицит, а понатаму и со буџетот и финансиската стабилност на земјата. На домашниот пазар, прометот во индустријата во август 2024 година е помал за 9,6 проценти. Во прометот во индустријата на странските пазари има намалување од 10,5 проценти, во август годинава во оснос на август лани. Во август, во споредба со јули 2024, намалувањето е 6,3 проценти, додека во периодот јануари – август споредено со истиот период од 2023 година, падот изнесува 16,2 отсто.
