Сирените за воздушен напад се огласиле во Тел Авив утрово, откако Хезболах изврши ракетен напад врз областа Нирит. Израелската војска потврди дека 20 ракети биле истрелани од Либан, при што пет биле насочени кон централен Израел, а останатите 15 кон северниот дел на земјата. Засега нема извештаи за загинати или повредени, а дел од ракетите биле пресретнати од одбранбени системи. Фрагменти од пресретнатите проектили оштетиле згради и возила во градот Магаан Михаил. Хезболах соопшти дека гаѓале бази на израелското воено разузнавање и поморската база во близина на Хаифа. Нападот се случува во пресрет на посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој денеска треба да пристигне во Израел како дел од дипломатските напори за прекин на огнот по неодамнешните напади и ескалација на конфликтот.
