домаВестиПУТИН И ДОДИК НА СРЕДБА ВО КАЗАН - СОРАБОТКА МЕЃУ РУСИЈА И...

ПУТИН И ДОДИК НА СРЕДБА ВО КАЗАН – СОРАБОТКА МЕЃУ РУСИЈА И РЕПУБЛИКА СРПСКА

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Казан, при што Путин изрази задоволство од средбата, нагласувајќи ја блискоста меѓу народите на Република Српска и Русија. Во разговорот, Путин го поздрави присуството на Додик на самитот на БРИКС и истакна дека се надева оти тоа му донело корисни контакти и нови можности за соработка. Додик, пак, се заблагодари за топлиот пречек и ја истакна својата желба Република Српска да се приклучи во некои формати на БРИКС, со цел зајакнување на економската соработка. За време на разговорот, Додик го информираше Путин за американските санкции воведени кон него и други официјални претставници од Република Српска, како и за одлуката да не воведе визи за руските граѓани. Тој посочи дека Европската унија го условува европскиот пат на Босна и Херцеговина со вакви барања, што го опиша како неприфатливо. Во одговор, Путин истакна дека соработката со Република Српска треба да се развива во дух на взаемно почитување, како што е соодветно меѓу братски народи, и додаде дека политичките односи меѓу Русија и Република Српска се продлабочуваат.

Ден 18 април 2025

00:01:17