домаВестиПТИЧЈИ ГРИП: СИМПТОМИ И ПРЕНОС - РИЗИК ЗА ЗАБОЛУВАЊЕ КАЈ ЛУЃЕ

ПТИЧЈИ ГРИП: СИМПТОМИ И ПРЕНОС – РИЗИК ЗА ЗАБОЛУВАЊЕ КАЈ ЛУЃЕ

Птичјиот грип е вирусна болест која првенствено напаѓа птици, но може да се пренесе и на луѓе. Иако бројот на случаи на заразени луѓе е многу мал, вирусот може да предизвика сериозни симптоми, особено ако не се лекува навреме. Најчестите подтипови кои ги зафаќаат луѓето се A(H5N1) и A(H7N9), а инфекцијата обично се случува преку контакт со заразени птици или нивните телесни течности, како плунка и измет. Ретко се јавуваат случаи на пренос од човек на човек. Согласно податоците на Светската здравствена организација, од 2003 до 2024 година, регистрирани се 896 случаи на инфекции кај луѓе на глобално ниво. Важно е да се нагласи дека консумирањето добро зготвено месо од заразени животни не претставува ризик за инфекција. Најголем ризик за изложеност на вирусот имаат луѓето кои работат со птици, како одгледувачите на кокошки, поради нивниот непосреден контакт со потенцијално заразени животни.

Ден 18 април 2025

00:01:17