домаВестиПОПЛАВИТЕ „ОДНЕСОА“ МИЛИОН ТОНИ ОРИЗ ВО БАНГЛАДЕШ

ПОПЛАВИТЕ „ОДНЕСОА“ МИЛИОН ТОНИ ОРИЗ ВО БАНГЛАДЕШ

Поплавите во Бангладеш уништија околу 1,1 милион метрички тони ориз, покажуваат податоците на Министерството за земјоделство, принудувајќи ја владата на итен увоз на овој основен прехранбен продукт. Поплавите беа предизвикани од обилните монсунски дождови, во два големи брана кои однесоа најмалку 75 човечки животи во август и октомври и ја загрозија егзистенцијата на милиони луѓе. Најмногу штети претрпеа посевите на истокот и северот на Бангладеш. Во такви услови, производството на ориз е значително намалено, соопшти Министерството за земјоделство, додавајќи дека власите имаат намера да увезат 500.000 тони ориз со забрзано темпо. Се очекува наскоро да се дозволи увоз и во приватниот сектор, изјави претставник на министерството.

Ден 18 април 2025

00:01:17