Полската радио станица предизвика контроверзии и протести откако ги отпушти сите новинари, а потоа ги рестартираше емитувањата со најавувачи создадени од вештачка интелигенција. Station OFF, со седиште во Краков, јужна Полска, ги отпушти новинарите пред неколку недели и оваа недела го продолжи емитувањето и соопшти дека тоа е „првиот експеримент во Полска со новинари кои се виртуелни ликови создадени од вештачка интелигенција“. Радиото објави дека создало три „аватари“ дизајнирани да допрат до младите со програми за култура, уметност и социјални прашања. Директорот на радиото Мартин Пулит во изјавата рече дека сакаат да добијат одговор на прашањето дали вештачката интелигенција претставува повеќе можност или закана за медиумите, радиото и новинарството.
