Радио станицата OFF од Краков предизвика контроверзии откако ги отпушти сите свои новинари и го рестартираше емитувањето со виртуелни новинари создадени од вештачка интелигенција. Оваа иницијатива е опишана како „прв експеримент” во Полска, со три „аватари” дизајнирани да привлечат млади слушатели со програми за култура, уметност и социјални прашања, вклучувајќи теми поврзани со ЛГБТК+ заедницата. Директорот на радиото, Марќин Пулит, изјави дека ќе се истражува дали вештачката интелигенција е повеќе можност или закана за медиумите и новинарството. Оваа промена предизвика критики, особено од новинарот Матеуш Демски, кој во отворено писмо го изрази својот протест против замената на вработените со вештачка интелигенција. Тој предупреди дека ваквиот преседан може да доведе до загуба на работни места во медиумскиот сектор и креативните индустрии. Според него, петицијата против оваа одлука е потпишана од повеќе од 15.000 луѓе, вклучително и многу млади, кои не сакаат да учествуваат во експериментот. Министерот за дигитализација, Кшиштоф Гавковски, се согласува дека е потребна законска рамка за регулирање на вештачката интелигенција и нагласи дека нејзината примена мора да работи во корист на луѓето.
