домаВестиПАРАГЛАЈДЕРИ ОД ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ПОЛЕТАА ОД ПЕЛИСТЕР

ПАРАГЛАЈДЕРИ ОД ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ПОЛЕТАА ОД ПЕЛИСТЕР

Викендов, 40 параглајдеристи од цела Македонија, вклучувајќи двајца тандем-параглајдеристи од Битола, полетаа од стартот под Антената на Пелистер, на височина од над 2.600 метри, во чест на Денот на ослободувањето на Битола, 4-ти Ноември. Параглајдеристите слетаа во Нова Битола, кај основното училиште „Елпида Караманди”, каде што ги пречекаа заинтересираните дечиња. Организатор на настанот беше клубот Летачки конзули од Битола, кој им приреди незаборавен летачки ден на сите учесници.