Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, по навредливата изјава на претседателот Џо Бајден за неговите поддржувачи, кои ги нарече „ѓубре”, синоќа на еден од последните митинзи пред изборите, во Висконсин оддржа говор во флуоросцентен елек каков што носат ѓубреџиите, а на самиот настан допатува со камион за ѓубре. „Како ви се допаѓа мојот камион? Тоа е во чест на Камала и Џо Бајден”, им рече Трамп на новинарите. На митингот, тој потоа им се обрати на поддржувачите: „Морам да почнам со тоа што ќе реќам дека 250 милиони Американци не се ѓубре”, рече тој, осврнувајќи се на изјавата на Џо Бајден – која, како што подоцна се обиде да објасни, била гаф, поддржувачите на Трамп ги нарече – „ѓубре”.