Сите летови од аеродромот „Брисел Југ-Шарлроа” се откажани поради штрајк на безбедносниот персонал, објави аеродромската управа. Причината за штрајкот е недостигот на персонал, што ја загрозува безбедноста на патниците и вработените. Патниците чии летови се откажани ќе бидат контактирани од нивната авиокомпанија во врска со враќањето на парите или нова резервација. За денеска беа планирани 89 летови, кои би пренеле околу 16.000 патници, особено со оглед на почетокот на есенскиот распуст во белгиските училишта. Од управата на аеродромот истакнуваат дека ќе се трудат да ги обноват нормалните активности до среда, а пристигнувањето на авионите ќе продолжи според предвидениот возен ред.
