домаВестиОДБЕЛЕЖАНА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА БЗР - НАГРАДА ЗА НАЈДОБАР БЗР СИСТЕМ 2024

ОДБЕЛЕЖАНА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА БЗР – НАГРАДА ЗА НАЈДОБАР БЗР СИСТЕМ 2024

Денеска, во организација на Министерството за економија и труд, Советот за безбедност и здравје при работа (БЗР) и Канцеларијата на фондацијата „Фридрих Еберт” во Скопје, ќе се одржи настан посветен на Европската недела на безбедност и здравје при работа. Настанот ќе обедини важни говорници од областа на безбедноста и здравјето при работа, вклучувајќи го министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, претседателката на Советот за БЗР Јасмина Чалоска, програмскиот менаџер на Фондацијата ФЕС Ваљон Садики, националниот координатор на Меѓународната организација на труд Емил Крстаноски, претседателот на ССМ Слободан Трендафилов и претседателката на ОРМ Владанка Трајковска. Во рамките на настанот ќе биде доделена Националната награда за компанија со најдобро имплементиран систем за БЗР за 2024 година, со што ќе се истакнат достигнувањата и придонесот на компаниите кои активно вложуваат во безбедноста и здравјето на своите вработени.

Ден 18 април 2025

00:01:17