Министерството за образование и наука (МОН) информира дека новиот предлог Закон за учебници во основното и средното образование е достапен за јавна консултација преку ЕНЕР-системот. Со оваа измена се предвидува заменување на актуелниот закон од 2008 година, со цел подобрување на квалитетот на учебниците и оптимизирање на процесот на нивно доставување до училиштата. МОН истакнува дека во предложениот закон се интегрирани сугестиите на издавачките куќи од Македонија, со кои министерството и Педагошката служба имале конструктивна средба. Новиот закон треба да обезбеди учебници со поквалитетна содржина, минимизирање на грешките и поедноставување на постапката за набавка, со цел навремена испорака до учениците.