домаВестиНОВ ТЕСТ НА РАКЕТА ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА - САД И ЈАПОНИЈА ОДГОВАРААТ...

НОВ ТЕСТ НА РАКЕТА ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА – САД И ЈАПОНИЈА ОДГОВАРААТ НА ЛАНСИРАЊЕТО

Северна Кореја тестираше нова интерконтинентална балистичка ракета, која се задржа во воздух 86 минути и достигна височина од 7.000 километри. Ракетата беше истрелана кон морето близу источниот брег на земјата, а генералштабот на Јужна Кореја потврди дека се работи за ракетата со долг дострел, испалена под стрмен агол. Ова е прв тест на таква ракета од декември минатата година, а Сеул и Вашингтон следат подготовките на Пјонгјанг во реално време, планирајќи заеднички воени вежби како одговор на тестот. Според јапонските власти, ова лансирање е забележано како најдолгото и највисокото досега изведено од Северна Кореја. САД остро го осудија тестот, укажувајќи на кршење на резолуциите на Советот за безбедност на ОН. Напетостите на Корејскиот полуостров продолжуваат да растат, особено по извештаите за испраќање на севернокорејски војници во Русија за воени операции во Украина, со што конфликтот околу нуклеарните и ракетни програми на Северна Кореја повторно станува централна точка на глобалните безбедносни загрижености.

Ден 20 март 2025

00:01:17