домаВестиНОВ БАЛОН ИЛИ РЕАЛНОСТ!? - КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ ОД НАД 800 МИЛИОНИ ЕВРА

НОВ БАЛОН ИЛИ РЕАЛНОСТ!? – КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ ОД НАД 800 МИЛИОНИ ЕВРА

Владата планира догодина да потроши рекордни 823 милиони евра за капитални проекти. Сумата е превидена со буџетот за 2025 година кој деновиве ќе влезе во собраниска процедура. Парите за капитални инвестиции над 50,6 милијарди денари кои власта планира да ги реализира следната година се за 13 отсто или шест милијарди денари над сумата предвидена со ребалансот за оваа година. Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска при објавувањето на буџетот изјави дека на оваа проекција се „темели развојот, а тоа се огледува и од фактот што износот на капиталните расходи е повисок од номиналниот износ на дефицитот”. Планот на Владата да инвестира над 800 милиони евра во капитални проекти изгледа многу амбициозен ако се земе предвид дека заклучно со 28 октомври, според податоците на веб-страницата на  Министерството за финансии, реализирани се само 40,69 отсто или вкупно 295,7 милиони евра.