домаВестиМЛАДИТЕ НА БАЛКАНОТ НАЈДОЦНА ГО НАПУШТААТ ДОМОТ - СКАНДИНАВЦИТЕ СЕ ОСАМOСТОЈУВААТ НАЈРАНО...

МЛАДИТЕ НА БАЛКАНОТ НАЈДОЦНА ГО НАПУШТААТ ДОМОТ – СКАНДИНАВЦИТЕ СЕ ОСАМOСТОЈУВААТ НАЈРАНО ВО ЕВРОПА

Младите во Македонија и Црна Гора најдоцна во Европа се осамостојуваат и заминуваат од домовите на своите родители, покажува анализата на „Ландгеист”, базирана на податоци од Евростат. Во просек, младите во Црна Гора остануваат со своите родители до 33,3 години, додека во Македонија до 32,1. Овој тренд го следат и другите балкански земји, со Хрватска (31,8 години), Србија (31,5 години) и Грција (30,6 години), што го истакнува Балканот на врвот на европската листа за доцна осамостојување. Спротивно на ова, младите во северните европски земји се осамостојуваат значително порано. Во Финска, на пример, младите во просек го напуштаат домот на 21,4 години, а веднаш зад нив се Данците и Швеѓаните на 21,8 години, како и Норвежаните на 22,5. Скандинавските земји покажуваат најниски проценти на млади кои живеат со своите родители, додека земјите од Јужна Европа, како Шпанија и Португалија, бележат повисоки бројки со просек од околу 30 години.

Ден 18 април 2025

00:01:17