домаВестиМИТКО ПАНОВ: ЌЕ ГИ ИЗРАЗИМЕ СТАВОВИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИОГРАФИЈА

МИТКО ПАНОВ: ЌЕ ГИ ИЗРАЗИМЕ СТАВОВИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИОГРАФИЈА

Денеска во Скопје се одржува средба меѓу македонскиот и бугарскиот тим од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, која се одржува во просториите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Ова е прва средба по промената во составот на македонскиот тим. На почетокот, Ангел Димитров, претседателот на бугарскиот тим, даде кус коментар за медиумите, но истакна дека не може да даде предвидувања за исходот пред самиот состанок. Историчарот Митко Панов, нов член на македонскиот тим, изјави дека на средбата ќе бидат изразени ставовите на македонската историографија, фокусирајќи се на проблематичните прашања што ги смета за конфликтни. Претходно, министерот Тимчо Муцунски повика дискусиите да се водат врз научни аргументи и академска слобода.

Ден 18 април 2025

00:01:17