домаВестиМАКЕДОНИЈА БАРА ЗАЕДНИЧКО ГРАДЕЊЕ НА ТУНЕЛ СО БУГАРИЈА - ПОСВЕТЕНОСТ НА ИЗГРАДБА...

МАКЕДОНИЈА БАРА ЗАЕДНИЧКО ГРАДЕЊЕ НА ТУНЕЛ СО БУГАРИЈА – ПОСВЕТЕНОСТ НА ИЗГРАДБА НА КОРИДОР 8 СО ЕВРОПСКА ПОДДРШКА

Владата е посветена на изградба на новата железничка мрежа, со акцент на источниот дел од Коридорот 8, што е дел од стратегијата за економски развој и регионално поврзување во рамки на евроинтеграциите. Ова го потврди македонската делегација на работната средба во Брисел, каде се разговараше за поврзувањето со Бугарија. Македонија инсистира на заедничко пробивање на тунелот, со синхронизиран процес меѓу двете држави. Бугарија, сепак, сè уште нема проект за железничко поврзување, но изрази подготвеност да го заврши до 2026 година. Заедничка работна средба е планирана за крајот на месецов за понатамошна координација.

Ден 18 април 2025

00:01:17