Националната конференција „Медиумска писменост во образованието,” организирана во рамки на проектот „Младите размислуваат” на УСАИД, ќе се одржи на 30 октомври 2024 година, со почеток во 10 часот, во хотел Лимак, Скопје. Настанот ќе го отвори министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, која ќе се обрати на тема за значењето на медиумската писменост кај младите, како и улогата на образовните институции во подигнување на свеста за медиумска одговорност. Проектот го реализира организацијата ИРЕКС во партнерство со Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии и Младинскиот образовен форум, во соработка со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Државниот испитен центар, како и универзитетите и младинските клубови низ земјата. Настанот има цел да ја истакне важноста на медиумската писменост како клучна вештина за младите и да отвори платформа за дискусија за подобрување на медиумската едукација во Македонија.
