Најновото истражување поврзано со вештачка интелигенција покажува како Европејците имаат мала доверба во ВИ која се користи на некои изборни процеси.
Огромното мнозинство Европејци се плашат од манипулации со вештачката интелигенција на изборите, но веруваат во технологијата кога полицијата и војската ја користат за надзор, се вели во новиот извештај објавен во понеделникот. Студијата „European Tech Insights“ на Универзитетот ИЕ во Шпанија анкетираше повеќе од 3.000 луѓе во 10 европски земји, пренесува Еуроњуз. Според анкетата двајца од тројца Европејци (67 отсто) стравуваат дека хакерите би можеле да ги променат резултатите од изборите и дека повеќе од 30 отсто од анкетираните веруваат дека вештачката интелигенција веќе влијаела на нивните одлуки за гласање. Земјите со граѓани кои имаа најмалку доверба во вештачката интелигенција на изборите беа Обединетото Кралство (54 отсто) и Шпанија (51 отсто). На изборите во Словачка минатата година беа забележани аудио снимки генерирани од вештачка интелигенција на кои се имитираше кандидат кој разговара за начините за лажирање на гласањето. Во меѓувреме, околу 75 отсто од анкетираните изјавиле дека ја поддржуваат употребата на вештачка интелигенција за полициски и воени операции, како што се препознавање на лица и биометриски податоци.
