Милиони луѓе ширум светот беа воодушевени од настапот на Селин Дион, на овогодишните Олимписки игри во Париз, меѓутоа сега музичките експерти велат дека нејзиниот настап бил однапред снимен. Со оглед на тоа дека боледува од синдром на вкочанета личност поради што веќе неколку години не настапува, музичката дива ги изненади обожавателите кога се врати на сцената ова лето, на церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Париз, каде што ја отпеа легендарната песна „Hymne A L’Amour” од „Edith Piaf”.
