Голем пожар избувна во бродоградилиштето на BAE Systems во Burrow-in-Furness, Камбрија, Велика Британија, каде што се произведуваат нуклеарни подморници и друга воена опрема. Видеа на социјалните мрежи покажаа пламен и густ чад, а пожарот избувнал рано утринава, околу 00:30 часот. Две лица се пренесени во болница, но засега нема жртви. Полицијата соопшти дека нема нуклеарен ризик, а луѓето се евакуирани од засегнатите објекти во зоната Док Хол, Девоншир. Локалната полиција ги советува жителите од околината да останат во затворени простории и да ги затворат прозорците и вратите додека трае акцијата за гаснење на пожарот. Бродоградилиштето на BAE Systems е стратешки објект за британската одбрана, каде што се изработуваат нуклеарните подморници Ostut и Dreadnought за Кралската морнарица, како и други воени технологии, вклучувајќи системи за електронско војување и фрегати од типот 26.
