домаВестиФОН ДЕР ЛАЈЕН НА СРЕДБА СО СИЛЈАНОВСКА И МИЦКОСКИ - ФОН ДЕР...

ФОН ДЕР ЛАЈЕН НА СРЕДБА СО СИЛЈАНОВСКА И МИЦКОСКИ – ФОН ДЕР ЛАЈЕН: УСТАВНИ ИЗМЕНИ ЗА ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска е на официјална посета во Скопје како дел од нејзината турнеја низ Западен Балкан. Таа ќе одржи состаноци со претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, и премиерот Христијан Мицкоски. По средбите ќе следи заедничка прес-конференција. Посетата на Фон дер Лајен се смета за клучна во поддршката на евроинтеграциите на Северна Македонија. Главен фокус е усвојувањето на уставните измени кои ќе ја вклучат бугарската заедница како државотворен елемент, како дел од „францускиот предлог”. Овие измени се неопходни за напредокот кон членство во ЕУ, но бараат поддршка од опозицијата која сè уште е против овие промени. Фон дер Лајен истакна дека Северна Македонија е на добар пат кон ЕУ и дека ваквите одлуки се од клучно значење за иднината на земјата и нејзината економска стабилност.

Ден 18 април 2025

00:01:17