домаВестиЕВРОПСКИ ПАРЛАМЕНТ БАРА 2 МИЛЈАРДИ ЕВРА ПОВЕЌЕ ЗА БУЏЕТОТ ЗА 2025

ЕВРОПСКИ ПАРЛАМЕНТ БАРА 2 МИЛЈАРДИ ЕВРА ПОВЕЌЕ ЗА БУЏЕТОТ ЗА 2025

Пратениците во Европскиот парламент во средата ја усвоија својата позиција за преговорите околу буџетот за 2025 година, барајќи два милијарди евра повеќе од предложениот буџет од Советот на ЕУ. Европратениците настојуваат за буџет од 201 милијарда евра во обврски и 153,5 милијарди евра во исплати, додека Европската комисија предложи буџет од 199,7 милијарди евра за обврски и 152,7 милијарди за плаќања. Советот на ЕУ, кој ги претставува земјите-членки, предлагаше буџет од 191,53 милијарди евра за обврски и 146,21 милијарди евра за плаќања. Преговорите за буџетот можат да започнат откако двете законодавни институции ќе ги изнесат своите првични ставови, а тие преговори ќе траат до 18 ноември. Во случај Советот и Парламентот да не постигнат договор во Комисијата за помирување, Комисијата е задолжена да поднесе нов предлог буџет. Ако не се постигне договор до почетокот на финансиската година, ќе се воведе систем на преодни дванаесетини, што значи дека ќе може да се троши ограничен износ од буџетот за претходната година. Буџетот за 2025 година ќе биде првиот годишен буџет од кој ќе се плаќа камата за враќање на долгот од финансирањето на реконструкцијата по пандемијата, а трошоците за сервисирање на долгот се очекува да бидат повисоки за 2,6 милијарди евра во споредба со првичните проценки.

Ден 18 април 2025

00:01:17