За десетина дена завршува мерката „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, која требаше да ја наполни есенската кошница со 73 производи со 10 отсто, ограничена бруто-профитна маржа и на големо и на мало. Граѓаните заштедија незначителна сума, а најголемиот дел од нив се разочарани, бидејќи намалувањата се движеа од 1 до 30 денари.
Првичните анализи од терен покажаа дека цените на производите од есенската кошничка се намалиле во просек од 5 до 10 проценти, при што кај некои производи намалувањето на цените е помало, или воопшто и го нема, како кај лебот, маслото за јадење и млекото, додека кај други производи е значително поголемо како кај месото, зеленчукот, сирењето и кашкавалот. Оваа мерка, ќе продолжи и во наредниот период како божиќна, рамазанска и велигденска кошница. Со Законот за нефер трговски практики се ограничуваат рабатот и дополнителните трошоци за над 2.500 прехранбени производи, од што се очекува дополнително намалување на цените на храната до крајот на овој месец.

