Биткоинот се приближи до границата од 70.000 долари, а причина е големиот бран на приливи во фондовите што тргуваат со размена за најголемото дигитално средство, додека расположението на пазарот го зголеми и оптимизмот за изгледите за американските регулативи. Вредноста на криптовалутата прво порасна за еден отсто, а потоа намали дел од добивката, па се тргува на ниво од околу 69.000 долари (утрово во 7.20 часот на берзата во Лондон се тргуваше по цена од 69.005 долари). Вредноста на помалите токени, како што се второрангираниот етер и солана, монетата што е рангирана меѓу најдобрите 10, осцилира во тесни опсези.
