Мајката Кариса Бел сподели едноставен и ефикасен трик на TikTok за да ја смири својата ќерка кога плаче. Нејзиното мало девојче почнало да добива заби, а Кариса нашла одличен начин да ја смири речиси веднаш. Во видеото кое го сподели пред неколку дена, Кариса откри како го замрзнува млекото и од него прави еден вид млечен сладолед. Потоа, кога девојчето плаче поради непријатноста што ја чувствува, Кариса и дава замрзнато млеко на секои неколку моменти.
