домаUncategorizedВО НЕМИРИТЕ ВО ФРАНЦИЈА УАПСЕНИ 77 ДЕМОНСТРАНТИ

ВО НЕМИРИТЕ ВО ФРАНЦИЈА УАПСЕНИ 77 ДЕМОНСТРАНТИ

Во Франција синоќа продолжија насилствата, особено во парискиот регион, каде полицаец уби седумнаесетгодишник, кој одбил да го послуша. Демонстрантите во повеќе градови палеа и се судрија со полицијата, при што се уапсени 77 луѓе.

Ситуацијата во Нантер, на 15 километри од Париз, околу 23 часот повторно стана тензична. Запалени се десетина автомобили, контејнери и бариери поставени на патот. Демонстрантите на зградите поставија транспаранети „Правда за Нахел“ и „Полицијата убива“.

Полицијата употреби солзавец, а демонстрантите возвратија со камења. Според Ле Монд, во Нантер, полицијата била принудена делумно да се повлече.
Во околу дваесет општини во Сена-Сен Дени, департман во североисточниот дел на Париз, пријавени се пожари.

Ден 18 април 2025

00:01:17