И овој пат „Ексклузив“ го задржа епитетот „емисија со екслузивитет“ токму со најновото актуелно издание посветено на најпопуларното регионално музичко талент шоу на овие простори „Ѕвездите на Гранд“.
По победата на нашата Славица Ангелова пред објективот на камерата имавме можност да разговараме со првиот човек на „Гранд“ жирито, Саша Поповиќ и менторот на нашата Славица, еден од главните виновници за нејзиниот триумф, Ѓорѓе Давид.
Саша ексклузивно ги откри големите новитети кои не очекуваат од есен во најгледаното шоу на балканот, како сосема нов концепт но и нов визуелен идентитет.
Воедно емисијата Ексклузив можетете да ја следите на редовната програма на Вистел Телевизија.
