Најмалку 21 лице загина во трагедијата на автобусот, кој од висина од десет метри падна врз електрични жици во близина на железничката станица во градот Местре, во близина на Венеција.
Украинци, Германци и Французи се меѓу жртвите на автобусот што синоќа излета од надвозник во северна Италија и се запали, соопштија локалните власти.
Според локалните медиуми, автобусот ги носел туристите на кампување во квартот Местре – Маргера. Меѓу повредените, покрај тројца Украинци, Германец и Французин, има и еден Хрват.
Во несреќата животот го загубија новороденче од неколку месеци, 12-годишно момче и уште едно малолетно девојче, изјави за Анса Паоло Роси, координатор на локалната служба за итни случаи.
Познат е идентитетот на седуммината починати лица. Во несреќата загина 21 лице.
Меѓу 15-те повредени лица во текот на ноќта нема нови смртни случаи. Четворица од нив, на интензивна нега, се уште не се идентификувани.Четворицата најтешко повредени се на возраст од 20 до 30 години. Како што дознава Sky TG24, тројца се хоспитализирани на интензивна нега во болницата Анџело во Местре и еден во Дол.
Полицајците го запленија списокот со гости во туристичкиот камп Ху во Маргера за да ги идентификуваат загинатите и повредените во синоќешната несреќа.
Денеска се очекуваат и резултатите од лекарскиот преглед кој треба да помогне да се идентификуваат лицата чии документи не се пронајдени.
