Палестинските екстремисти од Појасот Газа денеска истрелаа илјадници ракети врз Израел, а Хамас најави почеток на нова операција. Ракетниот истрел траеше повеќе од три и пол часа. Врз Израел беа истрелани илјадници ракети од Појасот Газа, при што загинаа најмалку пет луѓе, а сто се повредени.
Воениот командант на Хамас, Мухамед Ал-Деиф изјави дека цел на нападот биле непријателски позиции, аеродроми и воени позиции, тој тврди дека се истрелани 5.000 ракети. Додека портпаролот на израелската армија изјави дека врз Израел се истрелани 2.500 ракети
Израелската армија прогласи воена готовност и започна операција „Железни мечеви“ врз Појасот Газа.
Израелските противпожарни и спасувачки служби прогласија највисоко ниво на тревога.
🔥 The bombing of #Israel has not stopped since 6:30. pic.twitter.com/Ta40w9xvc7
— Oo ps (@ps_trump) October 7, 2023
Ние сме во војна, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во видеообраќање до своите сонародници. Тој додаде дека неговата земја ќе победи во оваа војна и дека нејзиниот непријател ќе ја плати цената за нападот врз Израел.
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека Хамас со нападот врз Израел направил „сериозна грешка“.
– Хамас направи сериозна грешка утрово и започна војна против државата Израел. Војниците на Израелските одбранбени сили(ИДФ) се борат против непријателот. Израел ќе победи во оваа војна, посочи Галант.
Во меѓувреме, во џамиите во палестинскиот бегалски камп Шуфат во Ерусалим од минарињата се слушаат повици до жителите да се приклучат на нападот на Хамас, јавуваат израелските медиуми.

Телевизиските канали блиски до Хамас објавија снимки од повиците и прославите во Наблус на окупираниот Западен Брег.
Високиот воен командант на Хамас, Мохамед Деиф го најави почетокот на нападот на медиумите кои се поврзани со оваа организација, повикувајќи ги сите Палестинци да земат оружје и да се борат, пренесува Ројтерс. Тој изјавил и дека ова ќе биде денот на најголемата борба и последен ден од окупацијата на Палестина.
Како резултат на нападите загина една жена, а повредени се 16 лица од кои две лица се во критична состојба. Во градот Тел Авив, според израелските медиуми, директно била погодена станбена зграда, а во градот биле запалени и десетици возила. Вооружените напаѓачи отвориле оган и во градот Сдерот на југот на Израел, каде во моментот се водат улични битки помеѓу израелските војници и припадници на ХАМАС.
