домаUncategorized(ВИДЕО) 22 мртви, 35 заробени војници и цивили – млади бегаат откако...

(ВИДЕО) 22 мртви, 35 заробени војници и цивили – млади бегаат откако бомби паднаа на фестивал во Израел

Палестинското екстремистичко движење Хамас зароби повеќе од 35 израелски војници и граѓани, објавија израелските медиуми цитирани од Ал Арабија кои известуваат за ракетните напади и упадот на борците на Хамас во населбите на југот на Израел.

Според израелската телевизија Решет 13, палестинските екстремисти држат заложници во Офаким, на југот на Израел, пренесува Ројтерс.

На социјалните мрежи утрово се појавија снимки од борци на Хамас на улиците по местата во јужен Израел.

Се појави и видео на кое се гледа како луѓе панично бегаат од фестивал во Израел. Во описот на видеото се вели „ Палестинските терористи го нападнаа фестивалот на кој стотици Израелци кампуваа за празникот Шемини Ацерет. Паниката предизвикана од ова е очигледна и се гледа на лицата на цивилите кои се цел на силно вооружени милитанти.“

Според офоцијалните информаци, жена загина во утринските напади.

Во засолниште сме, и ние сме вооружени, овде е хаос- сведочи Србин кој е на четири километри од Газа. Како што вели за Мондо Горан Мекиќ од Израел, тој е во прифатилиште со семејството.

-Јас сум на четири километри од Појасот Газа, во засолниште сме и вооружени сме – вели Мекиќ. Тој додава дека има повредени каде што се наоѓа.

Најмалку 500 побарале помош во болниците, има многу ранети, а според последните информации 22 ги загубија животите, но бројката постојано расте.

За ракетниот напад што утринава беше извршен од Појасот Газа врз јужен и централен Израел. Хамас ја презеде одговорноста, а Израел прогласи воена состојба и започна контранапад.

Ден 18 април 2025

00:01:17