домаUncategorizedЦрвениот крст пронајде 43 тела на првата линија на фронтот во Сомалија

Црвениот крст пронајде 43 тела на првата линија на фронтот во Сомалија

Меѓународниот комитет на Црвен крст денеска соопшти дека во текот на неделава пронајдени се 43 тела на првата линија на фронтот во Сомалија односно во „Сомалиленд“, која три децении сака да се отцепи и да стане независна држава.

Во соопштението се истакнува и оти сомалиската Црвена полумесечина во текот на неделата превезла во болница 110 повредени во судирите што со месеци траат во градот Лас Анод и околината.

Безбедносните сили на Сомалија се борат со сецесионистичките милиции. Стотици илјади луѓе ја напуштија областа поради судирите, а бројот на жртвите не е познат.

Стотици луѓе се заробени од двете страни во последната ескалација на конфликтот, а Црвениот крст соопшти дека првпат успеал да посети 300 луѓе кои ги држат милициите.

Во соопштението „Владата на Сомалиленд“ го осуди објавувањето на фотографии кои, според нејзиното мислење, покажуваат малтретирање на заробените војници и ги потсетуваат борците на насоките од Женевската конвенција, како и на исламските обичаи за постапување со затворениците. /МИА

Беше 18 мај

00:03:36

Ден 18 мај 2024

00:01:17