домаUncategorizedТри куќи изгореа во пожарот во атарите на селата Руѓинце и Бељаковце

Три куќи изгореа во пожарот во атарите на селата Руѓинце и Бељаковце

Оганот кој проголта две стари, но функционални куќи во село Бељаковце, две помошни простории и една стара напуштена куќа во селото Руѓинце претставуваше опасност за други куќи и населението од овие две села, вели директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Тој на неговиот Фејсбук профил соопшти дека иако се избегнува ноќно гаснење на пожарите на отворено тие синоќа одлучиле да се справат со пожарот кој се движеше во два правца со линија подолга од еден километар.

Чекањето на раните утрински часови кога можеа да полетаат двата полициски и еден армиски хеликоптер, ќе предизвикаше дополнителен ризик за куќите и населението во овие две села – вели Ангелов.

Ден 18 април 2025

00:01:17