реговорите за зголемување на платите во јавниот сектор треба да продолжат утре во формат на работна група, откако на вчерашната седница на Eкономско-социјалниот совет не беше постигнат договор за методологијата за пораст на платите.
Предлогот што го изнеле вчера синдикатите е инфлацијата која минатата година беше 14,2 проценти да биде основен параметар со кој ќе се зголемат платите во јавниот сектор, а сите да добијат процентуално зголемување на платите.
Утринава министерката за труд и социјална работа Јованка Тренчевска по заедничкиот настан во зградата на Сојузот на синдикатите каде се потпиша националната програма за достоинствена работа изјави дека се бара системско решение, и рече дека не знае за процентот што го бара синдикатот.
