домаUncategorizedРадев од утре почнува консултации со претставници на парламентарните групи во 49....

Радев од утре почнува консултации со претставници на парламентарните групи во 49. Народно собрание

Бугарскиот претседател Румен Радев утре ги почнува консултациите со претставници на пратеничките групи застапени во новото 49. Народно собрание, соопшти прес-службата на шефот на државата.

Први на листата за консултации се победниците на предвремените парламентарни избори, одржани на 2 април, коалицијата ГЕРБ-СДС, со чии претставници Радев ќе се сретне утре, 20 април, во 15 часот.

Претседателот од 17 часот ќе ги прими претставниците на пратеничката група на „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“, кои како коалиција завршија втори на изборите.

Претходно денеска за претседател на Собранието беше избран Росен Желјазков од ГЕРБ-СДС, откако ја доби поддршката од 136 народни пратеници од ГЕРБ-СДС, „Промените продолжуваат-Демократска Бугарија“ и „Има таков народ“, а 94 беа воздржани и тоа од партијата „Преродба“, ДПС и „БСП за Бугарија“. 

Ден 18 април 2025

00:01:17