домаUncategorizedСредба на лидерите на Русија и Турција Путин – Ердоган

Средба на лидерите на Русија и Турција Путин – Ердоган

Рускиот претседател Владимир Путин утре во Сочи ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Спутник ја пренесе објавата на Кремљ дека двајцата лидери ќе разговараат за развојот на заемно корисна билатерална соработка и актуелните меѓународни прашања.

Минатата недела во Москва се сретнаа министрите за надворешна политика на двете земји Сергеј Лавров и Хакан Фидан, а на тие разговори биле дефинирани темите на кои ќе се разговара на средбата меѓу двајцата претседатели.

Според Лавров, меѓу Русија и Турција има значаен дијалог и за билатералните и за регионалните и меѓународните агенди.

Претходната средба меѓу Путин и Ердоган исто така беше одржана во Сочи на 5 август минатата година.

Политико пишува дека враќањето на Ердоган во тој град претставува ретка посета на Русија од страна на лидерот на земја од НАТО од почетокот на инвазијата што ја започна Москва во Украина.

Турските медиуми денеска објавија дека Ердоган и Путин ќе разговараат за билатерални и регионални прашања.

Политико наведува дека се очекува Турција да бара обновување на Црноморскиот договор за извоз на украинско жито, кој беше постигнат минатата година со посредство на ОН, а од кој Русија еднострано се повлече во јули годинава.

Покрај тоа, Ердоган и Путин се очекува да разговараат за пристапот на Турција до евтини испораки на природен гас.

Беше 16 јуни

00:04:04

Ден 16 јуни 2024

00:01:17

Беше 15 јуни

00:08:54

Ден 15 јуни 2024

00:01:17