домаUncategorizedСпасовски: Во првата половина од 2023 година спречени се 5.018 обиди за...

Спасовски: Во првата половина од 2023 година спречени се 5.018 обиди за илегални преминувања

Во борбата против илегална миграција – во првата половина од 2023 година имаме сузбиена 17-члена организирана криминална група, спречени се 5.018 обиди за илегални преминувања, откриени се 36 случаи на криумчарење на 286 мигранти, кривично гонети 28 лица, напиша на својот фејсбук профил, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

– Благодарение на операционализацијата на ФРОНТЕКС Договорот помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за оперативните активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија, бележиме високи резултати во делот на борбата против илегална миграција, додаде Спасовски.

Беше 18 мај

00:03:36

Ден 18 мај 2024

00:01:17