Дали водачот на руската паравоена единица Вагнер, Сергеј пригожин бил меѓу 10-те патници на авионот кој се урна во Тверската Област во Русија?
Според руските воздухопловни власти неговото име било на списокот, но според неговиоте соработници, освен што го поседувал, Пригожин воопшто не го користел паднатиот авион.
Тие обвинуваат и дека авионот бил соборен од руските воени сили.
Среде информативната полемика со ексклузивни снимки и противречни информации од настанот, која се води на социјалната мрежа „ИКС“ (поранешен Твитер) се појавија и тврдења дека Пригожин се’ уште се наоѓа во Западна Африка, од каде, во Мали последно објави снимка.
