домаUncategorizedСДСМ: Седницата за уставни ќе покаже кој е за, а кој против...

СДСМ: Седницата за уставни ќе покаже кој е за, а кој против ЕУ

Денешната седница во Собранието на која ќе се расправа за уставните измени ќе покаже дали Мицкоски и ДПМНЕ се за или дефинитивно се против ЕУ, соопштуваат од СДСМ.

Повеќе нема простор за Христијан Мицкоски и неговите манипулации пред јавноста. Денешната седница во Собранието на која ќе се расправа за уставните измени ќе покаже дали Мицкоски и ДПМНЕ се за или дефинитивно се против ЕУ, соопштуваат од СДСМ.

Со уставните измени се зајакнува мултиетничкиот карактер и македонскиот идентитет, затоа што македонскиот јазик е признаен во ЕУ и со преговарачката рамка и поради дефиницијата за македонската посебност, велат од владејачката партија.  

Измените на Уставот се потребни за да продолжи нашиот евроинтегративен процес и отворањето на поглавјата од процесот на преговори. Седницата е последна можност, да покаже Мицкоски дали избрал интеграција во ЕУ или е за изолација, седнат во скутот на Левица- стои во соопштението.

Ден 18 април 2025

00:01:17