домаUncategorizedРоналдо: Не планирам да се вратам во европскиот фудбал!

Роналдо: Не планирам да се вратам во европскиот фудбал!

Кога Кристијано Роналдо се пресели да игра за саудискиот прволигаш, Ал Наср, никој не можеше да претпостави дека наскоро таму ќе ја продолжат кариерата голем број фудбалери од најсилните пет лиги на Стариот континент.

А, токму тоа е причината поради која Португалецот повеќе не размислува за враќање во европскиот фудбал.

„Ја затворив вратата наречена Европа. Веќе имам 38 години, а според мене, европскиот фудбал изгуби многу квалитет. Го спасува само Премиер лигата, која е далеку над останатите. Мојата Португалија има добра лига, но не е на врвно ниво. Шпанската лига се влошува. Сигурен сум дека нема да се вратам во европскиот фудбал“, изјави Роналдо.

Португалскиот репрезентативец е го интересира ниту американската МЛС-лигата, каде што се пресели Лионел Меси во таборот на Интер Мајами.

„Лигата во Саудиска Арабија е посилна од МЛС. Јас сум тој што ја започна целата работа во Саудиска Арабија и сега сите сакаат да одат таму. Запомнете дека италијанската лига беше слаба и тогаш потпишав за Јувентус и го оживеав. Знам дека истото ќе се случи и во С. Арабија“, дополни Роналдо.

Ден 18 април 2025

00:01:17