домаUncategorizedПукање во гаражите на Ист Гејт - маскирани, со пиштоли со пригушувачи...

Пукање во гаражите на Ист Гејт – маскирани, со пиштоли со пригушувачи пукале од возило

Пукање попладнево подземните гаражи во трговскиот центар Ист Гејт.

Од МВР го потврдија настанот

„ На 25.08.2023 околу 15.50 ч. во СВР Скопје е добиена пријава дека во гаражите на трговски центар во Скопје едно лице кое било со патничко возило „ауди“,  пукало кон Р.Т. (39) од Скопје, но не го погодило.  Во возилото, според пријавеното, имало уште едно лице. Повредени лица во инцидентот нема, но известен е јавен обвинител, се прави увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.“ велат од МВР.

Очевидци за медиумите велат дека лицата биле маскирани и со пиштоли со пригушувачи, а аудито имало странски регистарски таблички. Според некои информации возилото е пронајдено запалено кај езерото Треска кон Грчец.

Засега до МВР потврдуваат само дека е пријавено пукање и дека немаат информации за повредени.

Медиумите пишуваат дека е пукано е кон Раде Трајковски – Штекли чие име се споменуваше и за случајот со убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. За убиството беше обвинет Филип Секуловски- Кобра, но медиумите тогаш објавуваа дека Јанушев пред да биде убиен комуницирал токму со Штекли. Сепак, тој никогаш не беше обвинет за било каква улога во овој случај.

Сепак и Штекли беше во бегство во Србија бидејќи беше баран за издржување казна затвор за друго дело. Македонија го бараше со меѓународна потерница.

Беше уапсен и екстрадиран од Србија и одведен во Идризово на издржување казна затвор во траење од 6 месеци.