домаUncategorizedПцовиса сибирската тигрица Надја во скопската ЗОО – беше една од најстарите...

Пцовиса сибирската тигрица Надја во скопската ЗОО – беше една од најстарите во Европа

Нашата Надја имаше речиси 21 година и за неколку години ја надмина просечната граница на животниот век. Ќе ја паметиме по нејзината грациозност, секогаш љубопитна за игра, долгите капења во базенот, како и по љубовта која ја имаше кон своите зоонегуватели, велат од скопската Зоолошка градина

Тигрицата Надја пцовиса по 21 година живот, од кои 13 ги помина во Скопје ЗОО / Фото: Скопје ЗОО

Пцовиса сибирската тигрица Надја, која живееше 21 година и беше една од најстарите во Европа, објавија од скопската Зоолошка градина каде што таа ги помина последните 13 години.

„Со големо жалење ве известуваме дека во текот на вчерашниот ден во длабока старост мирно нè напушти нашата сибирска тигрица Надја која беше еден од најстарите тигри во Европа. Надја во скопската Зоолошка градина пристигна од Будимпешта во 2010 година, кога имаше осум години во тогаш новоизграденото живеалиште за тигри по светски стандарди. Во Скопје ЗОО живееше заедно со својата ќерка Ана и како една од најстарите жителки на градината беше миленичка на сите вработени“,велат од Скопје ЗОО.

Надја беше родена во 2002 година во Франција.

Овој вид крупни ѕверови тигри, како што велат од ЗОО, во просек живеат околу 10-12 години во дивина, а од 16-18 години во зоолошките градини.

„Нашата Надја имаше речиси 21 година и за неколку години ја надмина просечната граница на векот на живеење. Најдолг животен век на овој вид во заробеништво досега е забележан кај мажјак сибирски тигар кој живеел 23 години. Ќе ја паметиме по нејзината грациозност, секогаш љубопитна за игра, долгите капења во базенот, како и по љубовта која ја имаше кон своите зоонегуватели кои во последните денови од нејзиниот живот направија сè да и биде полесно, со оглед на длабоката старост која ја доживеа. Надја, многу ќе ни недостасуваш“,велат од скопската Зоолошка градина.

Беше 18 мај

00:03:36

Ден 18 мај 2024

00:01:17