Пожар бил пријавен во раните утрински часови на територија на Национален парк Галичица, кај место викано Царина од преспанска страна. Исстиот е локализиран од страна на вработените во НП Галичица, Противпожарна единица-Ресен, МВР-Ресен, граничната полиција и локални доброволци, информира јавната установа.
Локализираниот пожар ќе се набљудува и понатака од страна на чуварите на паркот и навремено ќе известуваме за состојбата на истио. Голема благодарност до Противпожарна единица-Ресен, МВР-Ресен, Граничната полиција и локалните доброволци за брзата реакција. – стои во известувањето.


