домаUncategorizedПоевтин бензин, а поскап дизел од полноќ

Поевтин бензин, а поскап дизел од полноќ

Од полноќ ќе има поевтинување на бензините, но и покачување на цената на дизел горивото, на нафтата за домаќинствата, како и на мазутот.

Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека цената на бензинот од 98 октани ќе се намали за 1 денар по литар и ќе изнесува 87 денари, додека на бензинот од 95 октани за половина денар, што значи дена онвата цена ќе биде 89 денари по литар. Дизелот ќе поскапи за 1,5 денари за литар (81,5 денари), додека цената на екстра лесното гориво (нафтата за домаќинствата) ќе се зголеми за 1 денар и сега ќе изнесува 81 денар. Мазутот ќе поскапи за 0,039 денари по килограм

Ден 18 април 2025

00:01:17